Свет,Занимливости 05. мај 2018. / 10:11

Летаат над 800 километри: Ова се новите паметни ракети на САД (ФОТО)

Летаат над 800 километри: Ова се новите паметни ракети на САД (ФОТО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп, пред нападот на Сирија, најави нови, убави и паметни ракети.

Силите на САД, Велика Британија и Франција во средината на април фрлиле крстосувачки ракети на хемиски објекти во Сирија, а за првпат употребен е и стелт проектил на американскиот произведувач Lockheed Martin.

По полетувањето од базата во Катар, два Б-1Б бомбардери исфрлиле 19 проектили, JASSM-ER. Стелт крстосувачките ракети можат да летат и преку 800 километри благодарение на продолжениот домет, техонологија која е претставена во 2014 година, но досега не е користена во борба.