Свет 22. април 2020. / 14:26

Лекарите во Вухан загрижени: Оздравени лица дури 70 дена се позитивни на Ковид-19

Лекарите во Вухан загрижени: Оздравени лица дури 70 дена се позитивни на Ковид-19

Лекарите во Вухан, епицентарот на пандемијата каде што корона вирусот се појави  во декември минатата година, изразуваат загриженост поради се поголемиот број на пациенти кои оздравеле и немаат никакви симптоми на вирусот, но нивните тестови сепак се позитивни.

Лекарите тврдат дека тестовите на многу пациенти остануваат позитивни од 50 до 60, па дури и до 70 дена. Тоа е еден од најголемите предизвици при преминување во нова фаза за олеснување на ограничувањата.

Според кинеските високи здравствени официјални лица, досега нема потврда дека ваквите луѓе, коишто повторно се позитивните, заразиле други луѓе.

Кина не објавува официјални податоци за тоа колку пациенти спаѓаат во оваа категорија.

Во Јужна Кореја се регистрирани околу илјада луѓе кои биле позитивни на вирусот повеќе од четири недели, додека во Италија, експертите забележале дека има заразени со Ковид-19 коишто се позитивни околу еден месец.