Свет 07. ноември 2018. / 19:06

Лекар со македонско потекло загина по напад од ајкула

Лекар со македонско потекло загина по напад од ајкула

Даниел Кристидис (33) по потекло од Македонија, вчера почина, откако беше тешко повреден од напад на ајкула на островот Витсандеј, при австралиската сојузна држава Квинслен.

Како што пренесуваат странските медиуми, повредениот 33 -годишниот лекар бил пренесен во болница, но поради тешките повреди починал.