Свет 27. мај 2019. / 10:52

Ле Пен побара Макрон да го распушти Собранието

Ле Пен побара Макрон да го распушти Собранието

Марин Ле Пен го повика францускиот претседател Емануел Макрон да го распушти Националното собрание откако нејзината партија на европските избори го презеде блокот предводен од францускиот претседател.

-Претседателот нема друг избор освен да го распушти националното собрание и да дозволи подемократски гласачки систем, за мнозинското политичко мислење на оваа земја да биде подобро застапено, рече Ле Пен, додавајќи дека сега битката е меѓу нејзината и партијата на Макрон.