Свет 15. октомври 2019. / 10:01

Лавров: Веројатно е дека Асанж го мачат во лондонскиот затвор

Лавров: Веројатно е дека Асанж го мачат во лондонскиот затвор

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека верува во можноста основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да бил мачен во лондонскиот затвор.

– Тие исто така треба да ги отфрлат обвиненијата против (поранешниот разузнавач) Едвард Сноуден, да го ослободат Џулијан Асанж и да престанат да го мачат, што, според неговиот изглед, му се случува во притворот во Велика Британија – изјави Лавров.

Асанж беше уапсен во април годинава во еквадорската амбасада во Лондон, откако по седум години му беше укинат азилот.