Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ќе ја посети Северна Кореја на 31 мај оваа година. Не се соопштени детали за посетата, но, таа се случува во време кога САД најавуваат и можно одложување на планираниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на 12-ти јуни во Сингапур.
Самитот беше доведен во прашање по изјавата на советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон дека Северна Кореја би можела да го следи либискиот модел за денуклеаризација.
По ова, Ким се закани дека ќе ја откаже средбата со Трамп, закажана за 12 јуни во Сингапур, бидејќи „не прифаќа еднострани уцени да се откаже од целото свое нуклеарно оружје“.
Американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку дена изјави дека има шанса да се одложи состанок во Сингапур.