Свет 10. мај 2018. / 16:26

Лавров: Иран и Израел да се воздржат од акција

Лавров: Иран и Израел да се воздржат од акција

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повика Иран и Израел да ги избегнуваат акции кои можат да доведат до конфликт, а неговиот германски колега Хајкко Мас рече дека нападот на Иран врз Голанската Висорамнина е провокација и Израел има право да се брани.

Хајко Мас на заедничката конференција за новинари во Москва рече дека клучно е Иран да се придржува до своите обврски од Меѓународниот нуклеарен договор и дека Русија може да го искористи своето влијание врз Техеран во таа смисла.

Додаде дека Русија и Германија се согласиле дека треба да се одржи Нуклеарниот договор откако САД се повлекоа од истиот.

Лавров наведе дека САД не треба да вршат никакво влијание врз партнерите на Иран откако Вашингтон се повлече од Иранскиот нуклеарен договор.

По повод најавите на Вашингтон за санкциите кон Иран, Мас рече дека Германија сака повеќе детали околу ова прашање.