Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и државниот секретар на САД, Мајк Помпео, за време на телефонски разговор се согласиле да продолжат да ги координираат напорите за надминување на кризата на нафтените пазари и предизвиците од епидемијата на корона вирусот, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се додава дека разговорот следувал по пет телефонски разговори меѓу претседателите на двете држави, што се одржаа од 9 април.