Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги нападна САД поради одвојувањето на Украинската православна црква од Москва, обвинувајќи дека станува збор за провокација и мешање во црковните работи.
Во првата реакција портпаролот на Кремљ Дмитри Песков предупреди од верски немири и истакна дека Русија и натаму има одговорност за сите христијани во Украина.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров отиде чекор подалеку и ги обвини САД за раздвојувањето на Украинската црква од Москва. Одлуката на Вселенската патријаршија за автокефалност на Украинската православна црква, според Лавров, е „провокација со директна и јавна поддршка од Вашингтон“.
Лавров ги обвини сад за мешање во црковните работи, што „Во Русија, Украина и се надевам, во секоја нормална држава е законски забрането“, критикува тој во повеќе интервјуа објавени на веб-страницата на министерството за надворешни работи на Русија.