Mинистерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, истакнува дека истражувањата за вакцина за корона вирусот се претвориле во трка за престиж, а не за обиод да се пронајде начин како да се сопре вирусот што ја предизвика светската пандемија.
Некои земји покажуваат себичност во тој натпревар кој треба да биде првиот што ќе ја има вакцината. Постојат извештаи дека САД ја финансирале француската компанија „Санофи“ со цел да бидат први што ќе добијат пристап до вакцината, доколку компанијата успее да ја создаде – рече Лавров.
Тој потенцира дека од друга страна постојат иницијативи што доаѓаат од Франција и од други земји од Европа, кои и Русија ги поддржува, во кои провладува ставот дека доколку се најде вакцина, таа треба биде достапна за сите луѓе во светот.
Тоа е прашање на здравиот разум, нема место за геополитика, себични интереси и постигнување политички поени во оваа трагична ситуација. Здравиот разум наложува сите сили да бидат обединети и насочени кон една цел, а тоа е наоѓање на вакцина против корона вирусот, и тоа што е можно поскоро, наместо да викате „фатете го крадецот“ и вината да се префрла на некој друг – изјави Лавров во интервју за „РБЦ“.