Синоќа, околу 21,30 часот, лавина се сруши врз куќа во близина на шумскиот пат во австрискиот Форарлберг. Шумскиот пат е затрупан, но изгледа куќата не е оштетена. За среќа, никој не е повреден.
Како што пишува ОРФ, станарите на куќата забележале дека се приближува лавина и избегале од неа.
Во неделата вечер, лавината исто така се сруши врз хотелот во германскиот Балдершванг. За среќа, како што јавуваат локалните медиуми, во хотелот нема повредени. На едно лице му се слоши, веројатно од шок.
Како што пишува br.de, во хотелот кој сега е затрупан со еден куп снег на едната страна, тие беа подготвени за можна лавина и од вчера сите надворешни содржини на хотелот беа затворени како и сауна и велнес центарот.
Околу илјада жители и станари со денови се заробени на тоа место. Лавина го затрупа патот ќто води до ова популарно скијачко одморалиште.
Како што објави вчера Асошиетед прес, екстремните зимски услови – огромните количини снег и екстремно ниските температури – во текот на изминатата недела однесоа вкупно 26 животи низ цела Европа.
Во Австрија падна рекордно количество снег во текот на минатата недела, а наредните три дена се најавуваат нови големи количества снег до два метри.