Свет 10. јуни 2018. / 19:10

Лари Кудлоу советник на Трамп: Трудо ни забоде нож во грбот

Лари Кудлоу советник на Трамп: Трудо ни забоде нож во грбот

Главниот економски советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Лари Кудлоу, го обвини канадскиот премиер Џастин Трудо за поткопување на САД и неговите сојузници со неговите коментари на самитот на Г7.

“Тоа беше предавство”, рече Кудлоу.

Тој рече дека токму поради лажната изјава на канадскиот премиер Трудо, САД не го поддржале заедничкото коминике на Г7, преговарачка изјава за заедничките приоритети меѓу групата.

Трудо на конференцијата за новинари вчера рече дека Канада ќе продолжи со одмазднички мерки на 1 јули, како одговор на одлуката на администрацијата на Трамп да наметне тарифи за увоз на челик и алуминиум од Канада , Европската унија и Мексико.

“Јасно му кажав на претседателот дека тоа не е нешто на што уживаме, туку нешто што апсолутно ќе го направиме”, рече Трудо.

Во своето интервју на Си-ен-ен, Кудлоу го обвини Трудо дека коментарите му биле наменети само за домашната политичка сцена, а како што рече, тоа пак и направило многу лоша услуга на Г7.

“Тој навистина нè прободе во грб”, рече Кудлоу.

Кудлоу рече дека САД на самитот покажале добра волја кон Трудо и другите лидери, и дека САД планирале да го потпишат коминикето до прес-конференцијата на Трудо, која Кудлоу ја нарече незрела игра.