Свет 20. ноември 2020. / 10:41

Лајен: ЕУ во декември би можела да ги издаде првите лиценци за употреба на вакцината против Ковид-19

Лајен: ЕУ во декември би можела да ги издаде првите лиценци за употреба на вакцината против Ковид-19

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека според проценките на Европската агенција за лекови, првите лиценци за употреба на вакцината против Ковид-19 се очекуваат во втората половина на декември, за вакцини од компаниите „Фајзер“ – „Бионтек“ и „Модерна“.

Европската агенција за лекови објави дека до крајот на годината треба да се даде „зелено светло“ за употреба на вакцината против Ковид-19 на територијата на ЕУ и вакцинацијата да започне во јануари 2021 година.

ЕУ предупредува дека е потребно да се развие стратегија за вакцинација и да се утврдат приоритетните групи што ќе бидат вакцинирани со првите достапни дози.