Свет 08. мај 2020. / 22:45

Кувајт воведува целосен карантин поради наглото зголемување на позитивни на корона вирусот

Кувајт воведува целосен карантин поради наглото зголемување на позитивни на корона вирусот

Владата на Кувајт одлучи да воведе целосен карантин во земјата што ќе почне од овој викенд, во обид да го спречи обновеното нагло ширење на корона вирусот во оваа земја од Персискиот Залив.

„Целосниот полициски час“ на национално ниво ќе стапи на сила од недела во 16 часот по локално време  и ќе трае до 30 мај, соопшти официјалната новинска агенција на Кувајт.

Одлуката доаѓа по препорака на здравствените власти – изјави владиниот портпарол Тарик ал-Мазрем.

Претходно кувајтското Министерство за здравство соопшти за нови 641 случаи на заразени со корона вирусот, со што вкупниот број на инфицирани во земјата се зголеми на 7.208. Од нив, кај 47 пациенти имаа смртни последици.

Со карантинот на луѓето ќе им се забрани да излегуваат на отворено, освен за нмабавка на храна и лекови. Со одлуката се забранува и движење низ регионите од земјата.

Кувајтските власти претходно презедоа серија мерки против појавата на вирусот, што вклучуваа ноќен полициски час, затворање на сите образовни институции до август и прекинување на работата во владините институции.