Свет 24. октомври 2019. / 14:20

Курдите почнале со повлекување од северна Сирија

Курдите почнале со повлекување од северна Сирија

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Варшинин, соопшти дека курдските сили почнале со повлекување од подрачјето во близина на турската граница во Сирија, јавија руските медиуми.

– Со задоволство забележуваме дека се спроведува договорот постигнат во Сочи. Се се спроведува – изјави Вершинин.

Руските медиуми претходно, повикувајќи се на извор во руското Министерство за одбрана, соопштија дека Русија за една недела во Сирија ќе испрати 276 воени полицајци и воена опрема.

Москва веќе испрати одреден број воени полицајци во пограничното подрачје меѓу Турција и Сирија, врз основа на спогодбата постиганата во вторникот меѓу претседателите Путин и Ердоган.