Свет 15. октомври 2019. / 16:42

Курдите го возвраќаат ударот – Го вратија Рас ал-Аин и напредуваат во Тел Халаф

Курдите го возвраќаат ударот – Го вратија Рас ал-Аин и напредуваат во Тел Халаф

Курдските „Единици за заштита на народот“ презедоа жестока контраофанзива со која го вратија под своја контрола градот Рас ал-Аин, кој на 12 октомври беше освоен од турската војска и вооружени единици на сириската опозиција што ја поддржуваат Турција.

Како што објавува агенцијата „ТАС С“, повикувајќи се на локални медиуми, сеодвиваат тешки борби меѓу Курдите и турските сојузници меѓу сириската опозиција.

Курдски единици го напаѓаат и градот Тел Халаф, што се наоѓа во близина и кој е под контрола на таканаречената Слободна сириска опозиција, а извештаи за борби доаѓаат и од Кобане, градот што се наоѓа на источниот брег на реката Еуфрат.

Ова е нов успех на курдските сили, коишто во текот на вчерашниот ден го осуетија планот на турските сојузници и го одбија нивниот обид да го пресечат стратешкиот пат што минува долж границата и го поврзува сирискиот економски центар Алепо со градот Ал Хасака во истоимената провинција.

Истовремено, единици на сириската армија дошле до патото во близина на градот Тел Тамер, што се наоѓа на триесетина километри од границата и се распиоредиле во северниот дел од провинцијата Ал ХАсака. Тие маневри се изведени во договор со курдксите сили.