Свет 18. октомври 2018. / 17:13

Курц: Секоја земја во ЕУ треба на свој начин да придонесе за надминување на имигрантската криза

Курц: Секоја земја во ЕУ треба на свој начин да придонесе за надминување на имигрантската криза

– Наместо да продолжат сегашните обврзувачки квоти за распределба на мигрантите во целата ЕУ, земјите-членки треба да усвојат пристап на солидарност со партнерите во Унијата. Тоа значи дека секоја земја треба да даде свој придонес таму каде што може и каде има смисла, истакна Курц на Самитот во Брисел.

На ваков начин, австрискиот канцелар Себастијан Курц бара пофлексибилен пристап за решавање на противењата во ЕУ за миграција, јави ДПА.

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани изрази поддршка за сличен пристап: на пример земјите-членки кои не сакаат да учествуваат во распределбата на мигрантите да можат да плаќаат за напорите на ЕУ да ги контролира изворите на миграција надвор од Унијата.

– Ако платите, можно е: без бегалци, но повеќе пари. Тоа треба да се договориме…јас сум флексибилен за ова, бидејќи никој не е совршен, рече Тајани.

Австрија, која е ротирачки претседател на ЕУ, сака да биде постигне напредок во однос на миграцијата до крајот на нејзиниот мандат.