Свет 26. декември 2018. / 12:18

Курц: Претседателството на Австрија со ЕУ успеа да заклучи голем број теми

Курц: Претседателството на Австрија со ЕУ успеа да заклучи голем број теми

Австрискиот канцелар Себастијан Курц е задоволен од шест месечното претседателството на Австрија со ЕУ и истакнува дека Виена успеала да заклучи голем број теми, но дека неединството во Унијата успеало да блокира некои теми.

Курц наведе – повеќе од 75 договори во Советот на ЕУ, а како најголем успех го истакна договорот за идниот буџет на ЕУ, зајакнувањето на мандатот на „Фронтекс“ и договорот за намалување на емисиите на CO2 во борбата против климатските промени-

Шест месечното претседавањето со ЕУ од страна на Австрија завршува на крајот од годината. Од први јануари следната година претседавањето го презема Романија.

Австрија пак претседавањето со ЕУ го презеде од Бугарија.