Свет 06. септември 2018. / 13:26

Курц побара пристапната перспектива за земјите од Западен Балкан да стане реалност

Курц побара пристапната перспектива за земјите од Западен Балкан да стане реалност

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска ја поддржа кандидатурата на Манфред Вебер за претседател на Европската комисија на претстојните избори за Европскиот парламент и побара пристапната перспектива за земјите од Западен Балкан да стане реалност.

– Се друго би било нефер кон кандидатите, рече Курц на седница на Европската народна партија во Виена.

Во врска со Вебер, Курц изрази задоволство што германскиот политичар од Христијанско-социјалната унија се одлучил на кандидатура додавајќи дека тоа е важен чекор.

Во исто време, Курц и Вебер во своите обраќања, остро ги критикуваа „популистите“ и предупредија на опасноста „граѓаните да паднат во нивна замка“.