Свет 29. август 2020. / 10:48

Курц: Нè чекаат тешка есен и зима со пандемијата

Курц: Нè чекаат тешка есен и зима со пандемијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, изјави денеска дека очекува ситуацијата со корона да се нормализира следното лето, по тешката есен и зима.

На кратко, би рекол дека врз основа на она што го знаеме денес, веројатно е дека следното лето би можело да биде нормално, рече тој пред новинарите.

Но, во исто време, мора да ни биде јасно дека наредните месеци ќе бидат тешки, со почетокот на учебната година, зимата и со бројните активности кои од отворено ќе се преместат во затворен простор. А доаѓа и сезоната на грип, додаде тој.

Во Австрија оваа недела има рекордни 300 нови случаи дневно.