Свет 07. април 2020. / 10:08

Курц: Кој вели дека коронавирусот не е поопасен од грипот е глупав!

Курц: Кој вели дека коронавирусот не е поопасен од грипот е глупав!

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека концептот на имунизација преку ширење на коорнавирусот нема да функционира и оти затоа е среќен што минува низ рестриктивни мерки.

Курц  за весникот ОРФ по повод претходната изјава дека Австрија е пред „Бурата“, рече дека „бурата трае“, но за среќа не само во Австрија, туку и во другите земји.

„Гледаме дека Австрија добро ја поминува оваа криза, со силно невреме во други земји. Се надевам дека ќе бидеме поштедени од најлошото. Но, тоа е можно само ако останеме дисциплинирани како и секогаш“, објасни тој.

Курц рече дека владата изготвила план за олабавување на мерките, откако е утврдено дека стапката на инфекција на населението  е нешто помалку од 1 процент.

На критиката на поединците дека коронавирусот не е поопасен од грипот, Курц јасно изјави:

„Кој го кажува тоа е глупав“.

Бев нервозен од почетокот дека коронавирусот беше споредуван со грипот. Смртноста од Ковид-19 е значително поголема. Не се сеќавам кога било прашано дали се доволно капацитети за интензивна нега за заболените од грип. Короната се шири и побрзо а исто така, постои вакцина против грип “, рече тој, додавајќи дека двете болести не можат да се споредат.

Тој вели дека рестриктивното дејствување на австриската влада спасило животи, бидејќи сите студии покажале дека доколку не се преземат овие мерки, стотици илјади би биле мртви.

“На крајот на краиштата, многумина нè копираат. Имаше такви кои, како во Велика Британија и Холандија, сакаа да одат во друга насока, но ја сменија својата стратегија за борба против Ковид-19”, подвлече Курц.