Австрискиот претседател Александар ван дер Белен му го даде мандатот за формирање нова влада на Себасјтијан Курц, лидер на Народната партија на Австрија (ОВП), која победи на предвремените избори.
– Во разговорите, добив впечаток дека ОВП може да формира влада која ќе има мнозинска поддршка во собранието и затоа ви давам мандат да формирате влада – му порача Ван дер Белен на Курц.
По медиумските иозвештаи дека Ван дер Белен, наводно, имал аспирации за нова влада, тој изјави дека единствена негова желба е владата да биде „црвено-бело-црвена“, односно Австрија да биде силна во засилена Европа, Европа која би била поефикасна во глобалната политика.
– Не ми е важно кој со кого во владата туку како влада за благосостојбата на земјата – порача Ван дер Белен.
Австрискиот претседател изрази и уверување дека соочувањето со заканата од климатска катастрофа ќе биде високо на агендата на новата влада, потсетувајќи дека сите партии посветувале посебно внимание на темата за време на изборната кампања.