Свет 07. декември 2020. / 14:38

Курц: Божиќните празници се голем предизвик

Курц: Божиќните празници се голем предизвик

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, истакна дека Божиќните празници се голем предизвик, поради што голем број земји и во соседството го ставиле фокусот на тој период.

Курс откако заедно со градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг се тестирал на виенското Сајмиште каде е поставена голема станица за тестирање во склоп на акцијата за масовно тестирање на граѓаните, беше запрашан дали го поддржува предлогот на вицеканцеларката Вернера Коглера за продолжување на планираните остри мерки при влегување во Австрија, кои се планирани за Божиќните празници, укажал дека Владата донела јасна порака.

-Како влада донесовме заклучок дека таа мерка треба да се преземе во периодот од 19-ти декември до 10-ти јануари. Мислам дека Божиќните празници се голем предизвик и затоа треба тие мерки да имаат смисла, објасни тој.

Кажал дека владата во јануари ќе ја анализира ситуацијата и ќе види дали постојат земји во кои нивото на зараза е многу високо.

-Ако во соседството броевите се слични тогаш е корисно да одржиме Европа без граници, затоа што се друго би водело кон масовни економски и лични предизвици, додаде тој.