Свет 24. март 2018. / 10:26

Курц: Без толеранција кон радикалниот и политичкиот ислам

Канцеларот Себастијан Курц изјави  дека во Австрија нема толеранција кон радикалното размислување и политичкиот ислам.
– Во нашата држава постои слобода на вероисповед и секој треба да ја практикува својата вера, но нема толеранција кон радикалниот и политичкиот ислам, нагласи Курц. Тој потенцираше дека во Австрија од 1912 година исламот е призната вера.
Вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе оцени дека исламот не е дел од Австрија.
– Не, исламот не е дел од Австрија. Во централна Европа имаме христијанско-еврејско обележје. Но, граѓаните од исламски вероисповед денес се дел од општеството, изјави Штрахе
за австриските медиуми по повод 100 дена од работата на новата Влада, пренесе МИА.