Свет 03. ноември 2020. / 09:50

Курц: Армијата ќе ги штити објектите во Виена

Курц: Армијата ќе ги штити објектите во Виена

Австрискиот канцелар Себастијан Курц по синоќешното пукање во Виена соопшти дека армијата ќе ја преземе заштитата на објектите и локациите во главниот град на Австрија.

За да може полицијата целосно да се концентрира на борбата против тероризмот, Владата донесе одлука армијата да ја преземе заштитата на објектите во Виена, изјави Курц.

Тој ги осуди вооружените напади во центарот на Виена како „гнасни терористички напади“ и истакна дека полицијата одлучно ќе дејствува против извршителите на овој грозоморен терористички акт.