Свет 18. август 2020. / 14:43

Куомо го нарече Ковид-19 „европски вирус“

Куомо го нарече Ковид-19 „европски вирус“

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо, критикувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп за неговиот третман на кризата со пандемијата, коронавирусот го нарече „европски вирус“.

Тој кажа дека владата не може да ја одбрани земјата од вирусот, а додаде дека таа не го ни предвидела.

-Овој европски вирус го зарази североисток, додека Белата куќа и натаму беше фокусирана на Кина, кажа Куомо.

Тој додаде дека актуелната влада е дисфункционална и некомпетентна.