Историската куќа на североистокот на Јапонија која, наводно, стотици години била употребувана како база за нинџи, е ставена на продажба и може да биде срушена доколку новиот сопственик донесе тава одлука.
Сегашните сопственици на куќата одлучија да ја продадат поради високите трошоци за одржувања. Со евентуалната продажба, судбината на еднокатната зграда, што се наоѓа во тесна уличка во близина на градското собрание на Хиросаки, во перфектурата Аомори, ќе зависи од новиот купец, кој нема да биде обврзан да го сочува оригиналниот изглед на имотот.
Куќата е изградена во довната ера Еда (1603-1868) и служела како станица за нинџа групата „Хаџиамичи-но-моно“ во подрачјето Хиросаки, објаснува Шигето Кијокава, професор од универзитетот Аомори.
Иако Кијокава бараше градот да ја сочува оваа куќа на нинџи како национално културно богатство, наиде на одбивање поради причина што, меѓу другото, зградата била преудередена.
Хидаки Аида (83) и неговата сопруга, коишто ја одржуваа куќата во последните 30 години, одлучија да продадат недвижноста поради високите даночни трошоци и долготрајното чистење во текот на зимата.
Во обиколка на резиденцијата кон крајот на септември, околу 20 учесници можеа да го почувствуваат вистинското постоење на нинџите, откако влегоа во скриениот дел зад ѕидовите, што се употребувал за прислушкување, а имаа можност да чекорат и по подовите кои намерно чкрипат за да предупредуваат на влез на натрапници.
昨日は、去年発見した忍者屋敷を調査し、持ち主と情報交換をしてきました。この屋敷は忍者の住居というより、忍者の秘密基地だった可能性があるんです。調査に当たった部員たちは江戸のたたずまいそのままの屋敷で、当時の忍者に思いを馳せているようでしたよ! pic.twitter.com/Yx1LH3bYFq
— 【公式】青森大学 忍者部 (@aomori_ninja) July 5, 2017