Кубанското народно собрание денеска го започна дводневното заседание на кое ќе се избере наследник на актуелниот кубански лидер Раул Кастро.
Очекувањата се дека Кастро ќе го наследи актуелниот прв потпретседател 57 годишниот Мигел Дијаз- Канел.
605 народни пратеници ќе изберат претседател на државниот совет, кој по уставот е шеф на државата и владата, претседател на народното собрание, потпретседател и членови на државниот совет.
Името на новиот претседател на државниот ќе биде објавено утре.