Свет 24. март 2020. / 16:02

Куба ги затвора границите еден месец: Туристите ставени во карантин во хотелите

Куба ги затвора границите еден месец: Туристите ставени во карантин во хотелите

Премиерот на Куба, Мануел Мареро, изјави дека од денеска, па во период од еден месец се затвораат границите на земјата, а сите туристи кои се во земјата ќе бидат ставени во карантин.

Туристите не смеат да ги напуштат хотелите се додека не најдат лет за да се вратат дома.

Како што истакна Мареро, вчера во земјата имало 32.500 туристи, од кои 9.400 се самоизолирани и ќе бидат преместени во државните хотели.

Властите вчера објавија и едномесечно затворање на училиштата.

Во Куба досега се потврдени 40 заразени со Ковид-19, а единствен смртен случај од новиот корона вирус е 61-годишен италијански турист.

Во Куба околу 20 проценти од населението е над 60 години, а во земјата чести се прекините во снабдувањето со вода и недостига сапун.