Свет 21. април 2019. / 10:04

Крвав Велигден: Во серија експлозии најмалку 100 загинати и над 250 ранети

Крвав Велигден: Во серија експлозии најмалку 100 загинати и над 250 ранети

Најмалку 100 лица загинаа, а над 250 други се ранети при неколку експлозии во три цркви и три хотели на Шри Ланка, јави ДПА.

Според полициски извори, речиси исто времено експлозии одекнале за време на велигденската миса во католичката црква „Свети Ентони“ и во три хотели со пет ѕвезди во главниот град на Шри Ланка, Коломбо.

Покрај овие, експлозии имало и во црквата „Свети Себастијан“ во местото Негомбо, на 30 километри од Коломбо, како и во црква во Батикалоа, на 250 километри источно од главниот град на земјата.

Експлозиите во хотелите „Синамон Гранд“, „Кингбари“ и „Шанги-Ла„ во центарот на Коломбо ги потврдија и две туристички агенции чии гости престојувале во овие објекти.

Според болнички извори, при експлозијата во Негомбо загинале околу 50 лица, во Батикалоа најмалку 27, а во Коломбо – 24.

Засега никој не презеде одговорност за експлозиите. Власти засега одбиваат експлозиите да ги наречат терористички напад.