Крузерот Коста Луминиоза, се закотви во Марсеј, на кој, како што се претпоставува, има десетици заразени со коронавирус, денеска пристигна во пристаништето во Марсеј, Франција. На пловилото има околу 1.400 патници цел екипаж.
Бродот испловил на 24-ти февруари од пристаништето Еверглејдс на Флорида, а крајот на патувањето требало да биде на 25-ти март во Венеција, меѓутоа, одлучено е денес бродот да се закотви во Марсеј, со оглед на тоа дека неколку градови не дозволиле крузерот да пријде до нивните пристаништа.
Патниците и целиот екипаж за медиумите рекле дека се исплашени и дека не знаат што ќе се случи со нив кога ќе се закотват.