Свет 12. септември 2020. / 12:45

Криза во Германија: МАН најави укинување на 9.500 работни места

Криза во Германија: МАН најави укинување на 9.500 работни места

Германскиот  производител на камиони и автобуси МАН објави дека ќе укине до 9.500 работни места во својата матична земја и во Австрија со цел да ги намали трошоците и да ја надмине кризата предизвикана од вирусот корона.

Отпуштањата треба да доведат до зголемување на приходите на МАН за 1,8 милијарди евра до 2023 година, се вели во соопштението. Планот за намалување на трошоците вклучува и реорганизација на мрежата за развој и производство на МАН.

Во соопштението се додава дека некои фабрики во Германија и Австрија може да бидат целосно затворени, пренесе Хина.

Дури и пред пандемијата на вирусот корона, МАН предвиде пад на испораките оваа година за 10 до 20 проценти.