Свет 13. септември 2018. / 11:05

Критичарот на Путин Пјотр Верзилов се бори за живот, има сомнежи дека бил отруен

Критичарот на Путин Пјотр Верзилов се бори за живот, има сомнежи дека бил отруен

Руските медиуми пренесуваат дека Пјотр Верзилов, член на групата „Пуси Рајот“, најверојатно е отруен и дека се наоѓа во болница во тешка состојба.

Руското радио „Ехо Москва“ и порталот „Медуза“ денес објавија дека Верзилов се наоѓа во болница од вторникот, а се повикуваат на изјава на една од членовите на групата, Вероника Никлушина, која тврди дека тој го загубил видот и не може да зборува, пренесе агенцијата АП.

Според неа, Верзилов е на лекување на одделот за токсикологија во московската болница, што АП го интерпретира како можност дека тој е отруен.

И Верзилов и Никлушина беа уапсени поради упадот на теренот за време на Светското првенство во Русија, за што беа осудени на 15 дена затвор.