Свет 12. ноември 2018. / 14:38

Криела дека има двегодишна ќерка и го чувала детето во багажник од автомобил

Криела дека има двегодишна ќерка и го чувала детето во багажник од автомобил

На Французинката Рози Марија де Круз и се заканува затворска казна од 20 години во судењето што започна денес поради злоупотреба на нејзиното малолетно дете. Според обинителството, детето било злоупотребувано уште од раѓање, на за него, најтежок можен начин.

Де Круз денеска пред суд се најде случајно, само затоа што автомеханичар пред четири години открил дека двегодишно девојче живее во багажниот простор на автомобилот на нејзината мајка.

Круз криела дека нејзината ќерка воопшто постои, скратувајќи и ја храната и водата, поради што е обвинета за насилство над малолетно лице кое предизвикува трајно оштетување.

Според неименуван извор од судот, на несовесната мајка и се заканува затворска казна од 20 години, објави агенцијата АП.

Кога било пронајдено, детето било старо две години, прегладнето и со сериозни проблеми во развојот, објави „Франс инфо“.

Во извештајот се наведува дека мајката ја криела бременоста и породувањето од нејзиниот сопруг и трите други деца и дека го чувала бебето во подрум и во багажникот на автомобилот.

Детето, кое сега седум години, добива посебна грижа и внимание.