Свет 07. август 2019. / 11:52

Крената во воздух канцеларија на данското УЈП

Крената во воздух канцеларија на данското УЈП

Данската полиција соопшти денес дека имало силна експлозија пред Даночната канцеларија во Копенхаген која ги оштетила околните згради и ги скршила прозорците, но никој не е повреден.

Експлозијата се случила во вторникот вечерта, и е покрената истрага за инцидентот, според началникот на полицијата.

Премногу е рано да се каже кој стои зад експлозијата, рече началникот.

Во исто време, полицијата ги повика граѓаните да пријават доколку знаат нешто за експлозијата.