Свет 07. декември 2018. / 13:59

Кремљ го отфрли повикот на САД за отстранување на инсталираните крстосувачки ракети

Кремљ го отфрли повикот на САД за отстранување на инсталираните крстосувачки ракети

Кремљ денеска го отфрли повикот на САД за отстранување на инсталираните крстосувачки ракети 9M729, кои можат да носат нуклеарни боеви глави, наведувајќи дека системот е во согласност со Договорот за нуклеарно оружје од среден и краток дострел (ИНФ), потпишан во 1987 година помеѓу Москва и Вашингтон.

Висок американски претставник вчера порача дека Русија мора да ги отстрани ракетите 9М729 и нивните лансирни рампи или да го замени опсегот на оружјето за да биде во согласност со ИНФ и со тоа да се избегне повлекување на САД од тој договор.

– Русија нема ништо прекршено, не крши и останува посветена на сопствените обврски кон ИНФ, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.