Во туристичкиот град Градо во близина на Трст, италијанската полиција и војска интензивно трагаат по 300 килограми експлозив, кој претходно го извлекле од торпедо од Втората светска војна, кое било пронајдено во морето.
Според италијанските медиуми, торпедото било пронајдено минатата недела на само 800 метри од пристаништето Сан Вито.
Поради опасноста од експлозија, експлозивот бил изваден, транспортиран и пренесен на околу 4 милји од брегот.
Минатата сабота, италијанската војска, како што пишуваат тамошните медиуми, требала да го уништи експлозивот, но откако дошле не местото каде претходно го стационирале екслозивот, тој повеќе не бил таму.
Во тек е истрага.