Свет 28. август 2019. / 17:12

Кралицата го одобри барањето на Џонсон британскиот парламент да биде суспендиран

Кралицата го одобри барањето на Џонсон британскиот парламент да биде суспендиран

Кралицата Елизабета Втора се согласи британскиот парламент да биде суспендиран во септември, само неколку недели пред крајниот рок за Брегзит.

Премиерот Борис Џонсон, како што пренесе ББС, изјави дека кралицата Елизабета Втора ќе го одржи својот традиционален говор по суспензијата, на 14 октомври, за да нагласи „многу возбудлива агенда“.

Со ваквата одлука се скратува времето на пратениците да донесат закони кои би го спречиле излегувањето на Велика Британија од Европска Унија на 31 октомври без договор.

Претседателот на преставничкиот дом Џон Беркоу рече дека „целта е пратениците да не дебатираат и да не ја исполнат својата должност во обликувањето на иднината на земјата“
Лидерот на Лабуристите Џереми Корбин рече дека потегот на Џонсон е разочарување и најави дека ќе иницира гласање за недоверба на британската влада.

Но, американскиот претседател Доналд Трамп му даде поддршка на Џонсон. Тој на Твитер напиша дека „ќе биде многу тешко Корбин да бара гласање на недоверба на премиерот, затоа што Борис е токму она што го бараат Британците“.