Британската кралица Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип Втори, најверојатно, ќе бидат вакцинирани против Ковид-19, но нема да го сторат тоа пред камера, изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.
-Не сум сигурен дека ќе го сторат тоа пред камерите, но убеден сум дека договорите ќе бидат направени според фазниот пристап што го претставив и, како и секое семејство, тие веројатно почувствуваа притисок и грижи за оваа пандемија што не опкружува, рече Раб како што пренедува Си-ен-ен.
Кралицата Елизабета (94) и нејзиниот сопруг Филип (99), поради нивната возраст, се меѓу најранливите групи коишто се први во редот за вакцинирање против корнавирусот. Вакцинацијата започна вчера во Велика Британија.
Минатата недела Си-ен-ен објави дека поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон се подготвени да ја примат вакцината против коронавирус пред камера за да ја зголемат довербата на јавноста во безбедноста на вакцината, која е одобрена од американската Администрација за храна и лекови.