Свет 25. декември 2019. / 22:52

Кралицата Елизабета импресионирана од борбата на младите против климатските промени

Кралицата Елизабета импресионирана од борбата на младите против климатските промени

Кралицата на Велика Британија, Елизабета Втора, во денешната божиќна порака рече дека е импресионирана од динамиката на младите во борбата против уништувањето на животната средина.

– Предизвиците со кои денес се соочуваат многумина можат да бидат различни од оние со кои се соочувавше мојата генерациј. Изненадена сум како новите генерации најдоа слична смисла во темите како што се заштита на нашата околина и нашата клима – изјави 93-годишната британска кралица, која била тинејџерка за време на Втората светска војна.