Од Бакингемската палата потврдија дека Кралицата Елизабера и принцот Филип денеска ја примиле вакцината против коронавирусот.
Кралицата Елизабета (94) и принцот Филип (99), беа вакцинирани од страна на домашен доктор во замокот Виндзор. Шпекулациите околу тоа дали парот ќе ја прими вакцината беа се погласни, како и тоа дали истото ќе го направат во јавност со цел да ги охрабрат останатите граѓани да се вакцинираат.
Одлуката да се вакцинираат и истото да биде објавено во јавноста е донесена лично од Кралицата, со цел да се спречи понатамошна дискусија околу истото, потврдуваат локални извори за Телеграф.
Работите поврзани со здравствената состојба на кралската фамилија обично се чуваат во најстрога приватност.