Свет 20. март 2020. / 21:11

Ковид-19: Њујорк во карантин, Британија ќе покрие 80 отсто од платите заразените работници

Ковид-19: Њујорк во карантин,  Британија ќе покрие 80 отсто од платите заразените работници

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 270.069 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 11.271, а оздравеле 90.603 лица.

Франција – Нови 78 смртни случаи во изминатите 24 часа. Вкупно 450 починати од новиот коронавирус досега.

Бразил – Властите најавија „нула“ стапка на раст поради Ковид-19

Британија – Владата ќе покрие 80 отсто од платите на работниците кои се заболени од Ковид-19.

Њујорк – Сега сите сме во карантин, изјави гувернерот на американската држава Њујорк Eндрју Куомо. Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус двојно зголемен за три дена во САД – на 218 и над 14.600 заразени. Бројот на заразени во Њујорк е над 7.000.

Полска – До католички Велигден (12-13 април) ќе бидат затворени училиштата

Европа – Над 2.600 американски војници се во доброволен карантин во Европа.

БиХ – Во Федерацијата БиХ забранија луѓе над 65-годишна возраст и на млади под 18 години да излегуваат од домовите.