Пандемијата предизвика значаен пад на вредноста на пасошот на САД се дознава од индексот на најпосакувани пасоши на „Henley & Partner“s со кој се оценува слободата на движење на носителите на патни исправи.
Во индексот, патната исправа на С. Македонија е рангирана на 47. место и носителите на македонски пасош може да патуваат без виза во 124 земји.
Индексот ги следи промените во секое тромесечје и во пракса, како што истакнуваат од „Henley & Partners“, бројот на достапни дестинации каде не треба виза значајно се разликува и зависи од тоа колку земјите се справуваат успешно со пандемијата.
Индексот не ги зема в предвид ограничувачките мерки воведени од владите поради пандемијата, но ја актуелизира новонастанатата ситуација во пост-Ковид-19 свет, кога слободата на движење на граѓани на некои земји, како САД, Бразил и Русија, каде пандемијата не стишува, ќе биде сосема намалена.
Забраната за патувања на државјани на САД во ЕУ поради неспособноста на Вашингтон да се справи со епидемијата стапи на сила на 1 јули. Иако пасошот на САД е рангиран на седма позиција, после земји како Јапонија, Сингапур, Јужна Кореја или Германија, Американците сега имаат иста слобода на движење како Мексико и Уругвај (рангирани на 25. и 28. место соодветно).
Доколку во ова тримесечје ситуацијата не се промени, вредноста на американскиот пасош драстично ќе се намали.
Во ЕУ засега може да влегуваат државјани од само 15 земји. Бразил и Русија се во истата категорија на земји како и САД за кои границите на ЕУ остануваат завторени. Границите на ЕУ засега остануваат затворени и за С. Македонија, а патната исправа на нашата земја е рангирана на 47. место во индексот, со 124 земји каде може да се патува без виза.