Патниците кои заминале на одморот од соништата – крстарење по Карибите – преживеале пекол кога крузерот почнал да се полни со вода, која во потоци течела низ ѕидовите.
Инцидентот се случил на 3. мај, кратко откако бродот “Carnival Dream” испловил од Њу Орлеанс, кога низ ѕидовите на Палубата 9 почнала да влегува вода.
Хорор сцените личеле на оние од Титаник, а преплашените патници бегале од поплавените ходници и собите. Дури 50 соби биле поплавени во овој инцидент.
На видео-снимката се гледа како галони вода истекуваат од цевките и ја поплавуваат Палубата 9, додека припадници на екипажот очајнички се обидуваат со канти да ја соберат водата.
“Имаме поплава на крстарење”, објавила на Фејсбук една од патничките, Марија де Ен Хасе. “Слушнавме како се кршат садови и виолини. Што се случува? Молете се за нас”.
Се воспоставило дека пукнала цевка, а компанијата соопштила дека проблемот е брзо отстранет и дека патниците не минувале долго низ агонијата. На патниците погодени од поплавата им биле вратени парите, а компанијата им дала и 50 проценти попуст за следното крстарење.