Кина денеска објави дека пронашле коронавирус на пакувањето на увезени замрзнати морски плодови, испорачани од пристаништето Далијан, кое неодамна повторно регистрира нови случаи на инфекција.
Вирусот е пронајден на надворешната амбалажа на замрзната храна купена од три компании од Јантаи, пристанишен град во провинцијата Шандонг во источна Кина.
Управата на градот Јантаи соопшти дека морската храна е во увезена пратка испратена до Далиан, но не ја откри земјата на потекло.
Во јули, цариниците во Далиан пронашле коронавирус на пакет замрзнати ракчиња увезени од Еквадор, а Кина потоа го прекина увозот на производи од тројца производители на ракчиња во Еквадор.
Некои од морските плодови купени од три компании „Јантаи“ се преработени за извоз, а остатокот се чувал во ладен магацин и не биле пуштени на пазарот, соопштија градските власти.
На прашањето дали обработените морски плодови биле извезени, член на канцеларијата за контрола на пандемијата одби да даде детали.
Властите ја запечатиле стоката, соопштија градските власти. Сите работници кои ракувале со стоката биле ставени во карантин, а нивните тестови за коронавирус биле негативни, се вели во соопштението.
Најновиот бран на случаи со ковид-19 е пријавен во Далиан кон крајот на јули, при што првиот случај е пријавен кај работници во компанијата за преработка на морска храна. До 9 август, Далиан објави вкупно 92 нови случаи на инфекција.
Се смета дека „Ковид-19“ се рашири минатата година од пазарот во Вухан каде се продаваат риби, школки, морска храна и диви животни. Оттогаш, се прошири низ целиот свет, а од неодамна повторно се појави и во Кина, потсетува Ројтерс.