Свет 26. јануари 2020. / 09:14

Корона вирустот зема 56 животи, а 324 луѓе се во критична состојба

Корона вирустот зема 56 животи, а 324 луѓе се во критична состојба

Од корона вирусот во Кина досега починале 56 луѓе од вкупно 1,975 забележани случаи, објавија државните кинески медиуми, повикувајќи се на Националната здравствена комисија, додека заразата продолжува да се шири. Меѓу заболените има и 324 луѓе што се наоѓаат во критична состојба.

Најголем дел од починатите досега од корона вирусот се пациенти во доцните 50-ти години, а меѓу нив има и доктор кој лекувал пациенти заболени од вирусот.

Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера кажа дека Кина продолжува да се соочува со тешка ситуација додека владата се обидува да го спречи ширењето на заразата со серија мерки за ограничување на движењето на граѓаните.

Од денеска, патниот сообраќај во Вухан, епицентарот на заразата во централна Кина, ќе биде ограничен. Автобуси нема да смеат да влегуваат и излегуваат од престолнината Пекинг. Сите групни патувања, исто така, се суспендирани на неодредено за да се спречат луѓето да патуваат.

Случаи на заболени со корона вирус се пријавени и во Јапонија, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд, Виетнам, Саудиска Арабија, Сингапур, САД, Франција и Австралија.