Свет 18. март 2020. / 11:30

Корона вирусот удира по економијата: Ролекс го прекинува производството на десет дена

Корона вирусот удира по економијата: Ролекс го прекинува производството на десет дена

Директорот на светски познатиот производител на часовници, компанијата „Ролекс“, Жан-Фредерик Дифур ги извести колегите дека производството во три нивни фабрики ќе биде прекинато на десет дена.

Дифур изрази надеж дека производството ќе продолжи на 27 март.

Се наоѓаме во многу сериозна ситуација – им напиша Дифур во порака на вработените.

Одлуката е донесена за да се заштитат вработените и нивните семејства, но и да се ограничи ширењето на Ковид-19.