Свет 10. април 2020. / 13:07

Корона вирусот се шири во кралското семејство на Саудиска Арабија: Кралот Салман евакуиран на остров

Корона вирусот се шири во кралското семејство на Саудиска Арабија: Кралот Салман евакуиран на остров

Дури 150 членови на кралското семејство во Саудиска Арабија се потенцијално заразени од коронавирусот, објави „Њујорк Тајмс“. Во текстот е наведено дека еден од принцовите, кој инаку е гувернер во главниот град Ријад, веќе е хоспитализиран на интензивна нега.

Весникот пишува дека се заразени и други членови на кралското семејство, а во една елитна болница се подготвени фури 500 кревети за членови на владејачката династија или нивни блиски.

Поради потврдата на заразата кај принцот, кралот на Саудиска Арабија, Салман ибн Абдел Азис ел Сауд, веднаш се евакуирал на остров во Црвеното Море и се ставил во самоизолација, а „друштво“ на островот му прави принцот Мухамед бин Салман ел Сауд, како и неколку министри.

Во Саудиска Арабија во моментов има 3.287 потврдени случаи на корона виорус, а починале околу 44 лица.