Свет 05. март 2020. / 17:28

Корона вирусот се шири и на црниот континент: Прв случај на заразен во Јужна Африка

Корона вирусот се шири и на црниот континент: Прв случај на заразен во Јужна Африка

Во Јужна Африка е регистриран првиот пациент болен од корона вирус. Станува збор за човек којшто неодамна се вратил од Италија.

Националниот институт за заразни болести потврди дека пациентот за кого се сомневало дека е заразен со вирусот е позитивен на Ковид-19 – соопштија од јужноафриканското Министерство за здравство.

Заразениот маж, заедно со сопругата подолг период престојувал во Италија, која има најголем број на заразени лица во Европа.

Тие биле дел од групата од 10 луѓе кои се вратиле во Јужна Африка на 1 март 2020 година.