Свет 11. февруари 2020. / 10:51

Корона вирусот регистриран во 25 држави, во Кина 1000 починати

Корона вирусот регистриран во 25 држави, во Кина 1000 починати

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека 108 луѓе починале од корона вирусот со што бројката на починати од ова заболување се искачи на 1016. Според последните податоци 42 638 луѓе имаат коронавирус во Кина, а потврдени се 319 случаи во 24 други земји и еден смртен случај.

Во провинцијата Хубеи, епицентарот на респираторниот вирус, 103 луѓе починаа, а регистрирани се 2097 нови случаи, соопшти комисијата денеска.

Светската здравствена организација наведе дека ширењето на вирусот меѓу луѓето кои не биле во Кина може да биде „искра што ќе предизвика поголем оган“ и побара од државите да не дозволат епидемијата да излезе од контрола.